Достапни линкови

logo-print

Клинтон: САД ќе ја охрабруваат забраната за надлетување на Либија


Хилари Клинтон во Париз се сретна со францускиот претседател Николас Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон

Хилари Клинтон во Париз се сретна со францускиот претседател Николас Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Соединетите американски држави ќе ја охрабруваат забраната за надлетување на Либија. „Нашата проценка е дека агресивните постапки на силите на Гадафи продолжија на многу места во земјата. Тоа го видовме во изминативе 24 часа. Не видовме вистински напори на силите да се придржуваат кон примирјето“ рече Клинтон. „Нашата проценка е дека Меѓународната заедница треба да превземе постапки за да ја охрабри резолуцијата на Обединетите нации“, рече Клинтон, појаснувајки дека одлуката на Советот за безбедност се цели кон заштита на цивилите и овозможување непречен проток на хуманитарната помош.
XS
SM
MD
LG