Достапни линкови

Американски и дански авиони ќе интервенираат во Либија?


жителите на Бенгази масовно го напуштаат градот поради немирите

жителите на Бенгази масовно го напуштаат градот поради немирите

Неколку француски борбени авиони тргнаа кон Либија, додека дански и американски летала пристигнале во базите во Италија, јавија медиумите повикувајки се на воени извори. Францускиот претседател Николас Саркози денеска во Париз изјави дека неговата земја ќе интервенира против воздушните напади на либијскиоот лидер Муамар Гадафи врз жителите на Бенгази. Меѓународната заедница интервенира со цел да го спречи „убиствените лудории“ на Гадафи, изјави Саркози по средбата со британскиот премиер Деквид Камерон, американскиот државен секретар Хилари Клинтон, генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун и претставници од Африканската унија. Во меѓувреме, тензиите растат во северноафриканската земја. Илјадници луѓе бегаат од источниот град Бенгази поради судирите меѓу бунтовниците и војската. Официјален Триполи го прекрши ветениот прекин на огнот, правдајки се дека интервенира против активностите на приврзаниците на либијската опозиција.
XS
SM
MD
LG