Достапни линкови

СДСМ ја прифати поканата за лидерска средба


Социјалдемократскиот сојуз ја прифаќа поканата од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за одржување лидерска средба вo недела на која ќе се сретнат претседателите на поголемите парламентарни партии. „За СДСМ е прифатлива понудата за лидерска средба која би се одржала утре. Во разговор со кабинетот на претседателот Иванов ги известивме дека за СДСМ логичен формат за средбата е присуството на две парламентарни партии од власт и опозиција, од македонскиот и од албанскиот политички блок“ се наведува во соопштението на опозициската партија. Во текот на денешниот ден, посочуваат од СДСМ, очекуваме да ја добиеме официјалната покана од претседателот Иванов во која ќе не известат за време на средбата и за точниот состав на партиите до кои тие ја испратиле поканата за лидерската средба
XS
SM
MD
LG