Достапни линкови

logo-print

Контрола на озраченоста на патници и стоки на грчките аеродроми


Илустрација

Илустрација

Грција воведе радијациска контрола на меѓународните аеродроми во Атина и Солун, јавија грчките медуми. Експерти на Грчката комисија за атомска енергија ќе бидат распоредени на двата аеродрома за проверка на патници и стоки кои пристигнуваат од Јапонија. Мерката стапи на сила на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ од вчера, а од денеска почнува да се применува и на солунскиот аеродром. Храна, земјоделски и животински продукти од Јапонија ќе бидат подложни на контрола во Националниот центар за научни истражувања и во лаборатории на Грчката комисија за атомска енергија согласно европските препораки и укажувања на Грчката агенција за храна.
XS
SM
MD
LG