Достапни линкови

Масовен одзив на референдумот во Египет


Масовен одзив е забележан на денешниот референдум кој во Египет се одржува за уставни измени по отстранувањето на повеќегодишниот авторитарен режим на Хосни Мубарак. Шефот на Арапската лига Амр Муса ја поздрави масовната излезност откако го даде својот глас. „Без разлика дали жителите на Египет ќе речат да или не, тоа е во ред. Важно е што народот излезе“ рече Муса. Целта на референдумот е да се креира соодветна клима за нови парламентарни и претсдателски избори до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG