Достапни линкови

Грција бара од Турција да не гради нуклеарки


Грција синоќа ја повика Турција да ги прекине плановите за изградба на нуклеарни централи откако официјална Анкара објави дека во наредните 12 години планира да изгради уште три такви постројки. Грчкиот претседател Каролос Папуљас вчера изјави дека Европската унија треба да се вмеша за да го спречи тоа. Премиерот Јоргос Папандреу во телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган изразил противење на плановите на Турција. Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз изјави дека Турција до 2023 година ќе изгради три атомски централи и потсети дека првата е планирана во средоземната провинција Мерсин со учество на Русија. Изградбата на втората нуклеарка е планирана во црноморската провинција Синоп, а преговорите за реализација на тој проект Турција ги води со јапонските компании ТЕПСО и Тошиба.
XS
SM
MD
LG