Достапни линкови

Во Египет референдум за уставни измени


Во Египет денеска се одржува референдум за уставни измени по отстранувањето на повеќегодишниот авторитарен режим на Хосни Мубарак. Воениот совет кој го презеде владеењето по оставката на Мубарак во февруари побара масовен одѕив, наведувајќи дека целта на референдумот е да се креира соодветна клима за нови парламентарни и претсдателски избори до крајот на годинава. Муслиманското братство, движење кое има голема поддршка во Египет, соопшти дека ги поддржува измените. Од друга страна продемократскиот нобеловец за мир и поранешен шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи оцени дека измените не биле доволни за доследна реформа на политичкиот систем. Во Египет скоро 40 милиони жители имаат право на глас.
XS
SM
MD
LG