Достапни линкови

Експлозии во либискиот град Бенгази


Libya -- Rebels guard the southern entrance of Tobruk, 17Mar2011

Libya -- Rebels guard the southern entrance of Tobruk, 17Mar2011

Денеска во либискиот град Бенгази се слушнале експлозии, јавуваат новинските агенции. Според некои од агенциите, можно е силите на либискиот лидер Муамер Гадафи да извршиле воздушни напади врз позициите на бунтовниците. Вчера американски официјални претставници го обвинија Гадафи за кршење на новата резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот. Претставник на американската национална безбедност за Ројтерс изјави дека постојат повеќе индикации оти силите на Гадафи продолжуваат да напредуваат кон упориштето на бунтовниците во Бенгази. Претходно претседателот Барак Обама го предупреди Гадафи дека се соочува со меѓународна воена акција доколку не ја почитува резолуцијата на Обединетите нации и доколку неговите сили не се повлечат од Бенгази и од другите градови.
XS
SM
MD
LG