Достапни линкови

Писмо на Црвенковски до Иванов


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски му упатил писмо на претседателот на државата Ѓорге Иванов во кое меѓу другото се подвлекува дека во моментот кога ќе обезбеди соодветен формат на релевантни парламентарни партии, чие присуство е неопходно за да се обезбеди консензус за одржување на слободни, фер и демократски предвремени парламентарни избори, може да смета на неговото присуство и соработка.
Во ситуација на продлабочување на политичката криза во земјата, се подвлекува во писмото, соопшти СДСМ, од шефот на државата се очекува да биде претседател на сите граѓани и соодветно да одговори на предизвиците.
- Доколку во моментов, од било кои причини не сакате да разберете што значи лидерска средба на релевантните парламентарни партии, ќе Ве потсетиме на средбите кои токму Вие ги организиравте, било во ловиштето Јасен во Катланово, било во Вашата резиденција на Водно. Зошто оддеднаш и без образложение, се откажавте од сопствените критериуми и претходни принципи, не ми е познато и одговорот ќе мора сам да го дадете пред јавноста, стои во писмото, соопшти СДСМ.
XS
SM
MD
LG