Достапни линкови

Јанкуловска, - Лидерската кај Иванов има логика


Сега гледаме дека Бранко Црвенковски бега од средбата кај претседателот Ѓорге Иванов под образложение дека не му одговарал форматот, иако средбата во предложениот формат, има сериозна логика, изјави на денешната прес-конференција Гордана Јанкулоска член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак, потенцира Јанкулоска, ВМРО-ДПМНЕ го замолува претседателот Иванов да му прифати на Бранко Црвенковски каков сака формат со цел да не му се дава алиби да продолжи со неговото деструктивно сценарио за Република Македонија.
Одговарајќи на новинарски прашања Јанкулоска рече дека средбата ќе се одржи кај претседателот Иванов и оти според нејзини сознанија досега само Бранко Црвенковски најавил отсуство.
XS
SM
MD
LG