Достапни линкови

Либијската влада објави примирје


Либијски бунтовници во Бенгази

Либијски бунтовници во Бенгази

Либијската влада објави итно примирје, само неколку часа откако Советот за безбедност на Обединетите Нации ја усвои резолуцијата за зона забранета за летови над Либија. Либијските бунтовници од нивното упориште во Бенгази, оваа објава ја оценија како блеф на владата на Гадафи. Инаку, генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, по состанокот на амбасадорите на Алијансата во Брисел, изјави дека се исполнети условите за меѓународна акција во Либија. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изјави дека одговорните за напади врз цивили во Либија, ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
XS
SM
MD
LG