Достапни линкови

logo-print

Иванов ги повика македонците во Албанија да се обединат


Претседателот Ѓорге Иванов ги повика Македонците од Албанија и раководството на нивната единствена политичка партија Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ да бидат обединети за да можат да ги остварат малцинските права и да го подобрат својот живот во оваа соседна земја, каде што во мај ќе има локални избори, а во ноември попис на населението.
Претставници од Мала Преспа, Голо Брдо и од Гора, каде што има најмногу македонско население од целата територија на Албанија, на претседателот Иванов, јави известувачот на МИА, му ги пренесоа своите проблеми и искажаа задоволство што првпат за нив се разговара на највисоко ниво.
Претседателот Ѓорге Иванов имаше средба и со градоначалникот на Тирана Еди Рама и ја заврши дводневната официјална посета на Албанија.
XS
SM
MD
LG