Достапни линкови

logo-print

Средба Бранко Црвенковски - Кнут Волебек


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска се сретна со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек.
Црвенковски посочил дека СДСМ дава целосна поддршка на процесите за интегрирање на помалите етнички заедници во сите сфери на општеството. Црвенковски потенцирал дека со политиката на актуелната власт се уриваат демократските принципи, се намалува слободата на медиумите и негативно се влијае на меѓуетничките односи и политичкиот дијалог. Волебег посочил дека ОБСЕ внимателно ги следи состојбите, особено во областите кои ги опфаќаат меѓуетничките односи, малцинските права, политичкиот дијалог и евроинтегративните процеси. Тој изразил жалење што сеуште не е обезбеден конструктивен политички дијалог и додал дека преку дијалог треба да се дојде до решение на сите проблеми и надминување на кризата.
XS
SM
MD
LG