Достапни линкови

logo-print

Извлечени двојките за четврфиналето во Лигата на шампионите


Денеска во Нион, Швајцарија се извлечени двојките за четвртфиналето во лигата на шампионите. Реал Мадрид ќе игра против Тотенхем, Барселона против Шахтјар, Челзи против Манчестер Јунајтед и Интер против Шалке. Првите натпревари се играат на 5-ти и 6-ти април, а реваншите една недела подоцна.
Беа извлечени и двојките за четвртфиналето во европската лига. Ќе играат: Брага – Динамо Киев, Виљареал – Твенте, Бенфика – ПСВ Ајнтховен и Порто – Спартак Москва. Првите натпревари се играат на 7-ми април, а реваншите на 14-ти.
XS
SM
MD
LG