Достапни линкови

Расмусен: Не е касно да се интервенира во Либија


Андрес Фог Расмусен

Андрес Фог Расмусен

Не е касно да се интервенира во Либија но тоа многу зависи од Обединетите нации, рече денеска генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен. „Времето брзо истекува, но сметам дека се уште не е доцна“ рече Расмусен во Варшава. Денеска се очекува Советот за безбедност при Обединетите нации да гласа за предлогот за затворање на воздушниот простор над Либија, иницијатиува која ја подржаа арапските лидери. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон исто така изрази надеж дека ќе се усвои предлогот за забрана за летање над северноафриканската земја. Во меѓувреме, либијската државна телевизија јави дека Трупите на Муамар Гадафи се наоѓаат на влезот во градот Бенгази, центар на антивладините бунтовници. За сега нема потврда за оваа информација.
XS
SM
MD
LG