Достапни линкови

logo-print

Средба Црвенковски - Нобило, загриженост за македонската евроинтеграција


Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска се сретна со државниот секретар во Министерството за надворешни работи и европски интеграции на Република Хрватска, Марио Нобило. На средбата, како што се наведува во денешното соопштение од СДСМ, Црвенковски ја образложил актуелната политичка состојба во државата, особено осврнувајќи се на скорешно одржаната лидерска средба. Нобило изразил загриженост за моменталната стагнација на процесот на преговори на Македонија со ЕУ, притоа потенцирајќи дека актуелната политичка ситуација во Македонија дополнително придонесува за пролонгирање на процесот на евроинтеграции.
XS
SM
MD
LG