Достапни линкови

Потпишан меморандум за разбирање меѓу македонските и британските стопански комори


Слободната економска зона „Бунарџик“ во близина на Скопје

Слободната економска зона „Бунарџик“ во близина на Скопје

Со цел подобро запознавање, унапредување на односите, интензивирање на бизнис контактите и реализирање повеќе инвестиции, македонските стопански комори денеска потпишаа Меморандум за разбирање со девет стопански комори од Велика Британија. „Не е секогаш доволно само владите да даваат поддршка. Британските комори тука слушнаа за повеќето добри примери на инвестиции, не само за „Џонсон Мети“. Во Македонија има многу британски вложувања и многу добри примери. Тоа треба да им се претстави на нашите фирми за потоа тие нивните искуства да ги пренесат во Велика Британија“, рече британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон на прес-конференција по потпишувањето на Меморандумот.
XS
SM
MD
LG