Достапни линкови

Трупите на Гадафи напредуваат кон Бенгази ?


Трупите на Муамар Гадафи се наоѓаат на влезот во градот Бенгази, центар на антивладините бунтовници, јави Либијската државна телевизија. Според извештаите на медиумот, безбедносните сили на лидерот го окупирале терминалот за нафта Зуеитина, кој се наоѓа во непосредна близина на Бенгази. За сега нема потврда за оваа информација. Во меѓувреме, се очекува Обединетите нации да гласаат за предлогот на Франција и Британија за затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја, иницијатива која ја подржаа и лидерите на арапските земји. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изрази надеж дека Совет за безбедност на Обединетите нации денеска ќе гласа за воведување зона на забранети летови над Либија и за други акции со цел да се спречи офанзивата на силите лојални на Гадафи против бунтовниците.
XS
SM
MD
LG