Достапни линкови

Средба Коњановски - Чеку, договорено интензивирање на соработката


Агим Чеку

Агим Чеку

Заеднички интерес на Македонија и на Косово е целокупна интеграција на регионот во НАТО и ЕУ, изјави денеска во Приштина министерот за одбрана Зоран Коњановски по средбата со неговиот косовски колега Агим Чеку. Македонија ја отпочнала постапката за назначување нерезидентен воен аташе во Косово, а од идната година ќе има свој претставник во советодавниот тим на НАТО лоциран во земјата. Косовскиот министер Чеку посочи дека од Коњановски добил силна гаранција оти Македонија ќе ја поддржува Приштина за што побрзо интегрирање во Партнерството за мир и други НАТО-структури.
XS
SM
MD
LG