Достапни линкови

logo-print

Во Бахреин уапсени лидери на опозицијата


Манама

Манама

Силите за безбедност во Бахреин уапсиле најмалку шестмина опозициони лидери како дел од острите мерки за спречување на шиитските протести кои бараат политички реформи во земјата во која на власт се сунитските муслимани. Вчера војската со тенкови и со хеликоптери ги растера демонстрантите од улиците на главниот град Манама. Притоа, како што јавуваат агенциите, загинале двајца демонстранти и двајца полицајци. Во Бахреин е воведена тримесечна вонредна состојба, а Саудиска Арабија, по барање на властите, испрати трупи во таа земја за смирување на состојбата.
XS
SM
MD
LG