Достапни линкови

Претседателот Иванов во посета на Албанија


Претседателот Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Албанија. Шефот на државата денеска во Тирана ќе има средба со својот домаќин претседателот на Албанија Бамир Топи, а ќе се сретне и со премиерот Сали Бериша и со Јозефина Топали, претседател на албанското Собрание каде што Иванов ќе има и свое обраќање. Иванов ќе ја заврши посетата утре со средба со градоначалникот на Тирана Еди Рама и со претставници на македонската заедница во Албанија.
XS
SM
MD
LG