Достапни линкови

Во Приштина уапсен екс министерот Фатмир Љимај


Полицијата на ЕУЛЕКС синоќа го уапси Фатмир Љимај во Приштина под сомнение за сторени воени злосторства во селото Клечка, за време на судирите во Косово. Љимај по двочасовното испитување беше ослободен, а правосудната постапка, според најавите од ЕУЛЕКС, ќе биде продолжена во наредните денови. Поранешниот министер за сообраќај во косовската Влада и актуелен заменик претседател на владејачката Демократска партија на Косово беше приведен во неговата куќа во Приштина. Тој беше апсен и пред неколку години, а Хашкиот трибунал го прогласи за невин по обвинението за сторени воени злосторства.
XS
SM
MD
LG