Достапни линкови

Ситуацијата во Јапонија е многу сериозна, смета шефот на Нуклеарната агенција при ООН


Јукио Амано

Јукио Амано

Ситуацијата во Јапонија е многу сериозна, рече денеска шефот на Агенцијата за атомска енергија Јукио Амано и најави дека ќе отпатува во земјата за да ја процени состојбата на нуклеарните централи. Нуклеарките беа оштетени во земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала кој предизвика цунами бранови во петокот. Најкритична е состојбата со трите нуклеарни реактори во Фукушима, каде работниците денеска мораа да прекинат со интервенциите поради високите нивоа на зрачење. Јапонските власти наредија евакуација на сите кои живеат во 20 километарски радиус од објектот. Во природната катастрофа која ја погоди земјата настрадале над 10.000 лица, проценуваат надлежните.
XS
SM
MD
LG