Достапни линкови

Министерот за одбрана Коњановски утре во посета на Косово


Зоран Коњановски

Зоран Коњановски

Министерот за одбрана Зоран Коњановски утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово. Тој во Приштина ќе се сретне со министерот на косовските безбедносните сили Агим Чеку. Средбата, како што информира Министерството за одбрана, ќе биде искористена за јакнење на соработката и довербата меѓу двете соседни земји, како и за натамошно продлабочување на воспоставените билатерални релации во делот на одбраната. Се очекува да бидат разменети мислења за политичко-безбедносната ситуација во регионот.
XS
SM
MD
LG