Достапни линкови

ЕУЛЕКС уапси четворица осомничени за воени злосторства во Косово


Полицијата на ЕУЛЕКС денеска уапси четворца косовски граѓани осомничени за извршени воени злосторства во Косово, меѓу кои, е и регионалниот командир на полициските сили во Призрен, Неџми Красниќи, јавија приштинските медиуми. Портпаролот на Еулекс, Ирина Гудељевиќ, без да даде повеќе детали за целата акција, соопшти дека апсењата се извршени по налог издаден од судија на ЕУЛЕКС во Окружниот суд во Приштина, како и дека европските полициски сили спорвеле и неколку претреси. Според Гудељевиќ, акцијата е спроведена под надзор на Канцеларијата на Специјалното обвинителство на Косово.
XS
SM
MD
LG