Достапни линкови

Усвоена резолуцијата за Македонија - ЕП поворно препорачува старт на преговорите


Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент попладнево ја усвои предлог резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од словенечкиот европратеник Зоран Талер. За предложената резолуцијата гласаа 49 европратеници од кои 7 беа против, а 3 воздржани. Водечките политички групи успеаја да постигнат 14 компромисни амандмани за новиот текст на резолуцијата, усвојувајќи уште околу 50 други амандмани од вкупно поднесените 152. Клучната препорака во резолуцијата е Македонија што побргу да почне преговори за членство во ЕУ. Конечниот текст на документот ќе биде објавен наскоро од службите на Европскиот парламент, откако ќе бидат проверени резултатите од денешното гласање.
XS
SM
MD
LG