Достапни линкови

logo-print

Богов ќе го наследи гувернерот Гошев во мај


Собранието на Република Македонија денеска, без расправа, со 62 гласа го усвои предлогот магистер Димитар Богов да биде иден гувернер на Народната Банка на Република Македонија, по истекот на мандатот на сегашниот гувернер Петар Гошев, во мај годинава. Наследникот на гувернерската позиција денеска не се појави во Собранието за да ја презентира својата програма.Тој се повика на законските норми и прописи, посочувајки дека не била предвидена дискусија во собраниската комисија за финансирање и буџет. Против неговото назначување се побунија од ДУИ. Од партијата забележуваат дека претседателот Ѓорге Иванов без претходни консултации го предложил Богов за прв банкар во државата.
XS
SM
MD
LG