Достапни линкови

Плановите за изградба на турски нуклеарки со руска помош се непроменети


Реџеп Таип Ердоган (лево) и Димитриј Медведев

Реџеп Таип Ердоган (лево) и Димитриј Медведев

Нуклеарната енергија е безбедна доколку централите се градат на вистинско место и добро се управува со нив, изјави денеска рускиот претседател Димитриј Медведев. Тој ја даде изјавата по средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, со кого разговараа за плановите за изградба на првата нуклеарна централа во Турција. Плановите за изградба на две турски нуклеарки со јапонска и руска помош се непроменети, изјави премиерот Ердоган.
XS
SM
MD
LG