Достапни линкови

logo-print

ДУИ го одложи гласањето за ДИК


Собрание

Собрание

Без ДУИ, на собраниската седницата немаше двотретинско мнозинство, па се одложи гласањето за претседател на ДИК.

Пратениците на ДУИ, со неприсуството на денешната собраниска седница го одложија гласањето за претседател на ДИК. Поради тоа што во Собранието не беа присутни доволен број пратеници за двотретинско мнозинство, спикерот Трајко Вељаноски го одложи гласањето за претседател на ДИК за во петок на 18 март. Опозицискиот СДСМ го предложи Борис Кондарко, но партијата, и по вчерашната средба Груевски-Црвенковски, ја бојкотира работата на Парламентот.
Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски го повика СДСМ да дојде на седница во петок и заеднички да го изгласаат претседателот на ДИК.
Ако не нè почитуваат нас, нека го почитуваат сопствениот предлог. Нека дојдат, нека го изгласаат и пак ако мислат дека треба да продолжат со бојкот, нека продолжат.


„Ги повикувам да дојдат колегите пратеници од опозицијата, поготово колегите пратеници од политичката партија што го предложија. Ако не нè почитуваат нас, нека го почитуваат сопствениот предлог. Нека дојдат, нека го изгласаат и пак ако мислат дека треба да продолжат со бојкот, нека продолжат.“

На денешната седница не се појавија пратениците на ДУИ. Никој од пратеничката група не сака да зборува за причините на нивниот бојкот. Сите упатуваат на координаторот на пратеничката група Тахир Хани, но тој е недостапен за коментар. Во ДУИ велат дека во моментов се на координација и веројатно подоцна ќе излезат со реакција.
Претходно пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ апелираше до пратениците да го подржат изборот на Борис Кондарко за претседател на ДИК.

Кандидатот на СДСМ за претседател на ДИК, Борис Кондарко

Собранието не го прифати предлогот на пратеничката Роза Топузова Каревска од ЛДП да се симнат од дневен ред Изборниот законик, изборот на претседател на ДИК, изборот на гувернер и одложувањето на пописот.

„Мислам дека не е добро, гледаме дека сега и ДУИ е отсутна од салата, значи останува само вашата коалиција, и на мускули да ги терате работите.“

На прес-конференција во партиското седиште, пратеникот Јани Макрадули од СДСМ изјави дека на вчерашната средба, премиерот
СДСМ останува на ставот дека пред враќањето во Собранието, треба да се усогласиме за сите прашања поврзани со изборниот процес, и по усвојувањето на сите акти да се оди на слободни, фер и демократски предвремни
избори.
Груевски не ги прифатил нивните барања.

„СДСМ останува на ставот дека пред враќањето во Собранието, треба да се усогласиме за сите прашања поврзани со изборниот процес, и по усвојувањето на сите акти да се оди на слободни, фер и демократски предвремни избори“, рече Макрадули.

Во ДУИ и во опозициската Нова демократија утринава рекоа дека најдобро за разрешување на оваа ситуација е да се свика лидерска средба на која ќе присуствуваат претседателите на сите поголеми политички партии.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG