Достапни линкови

Кандидатот за гувернер Богов не се појавил во Собрание затоа што ги почитувал законите?


Димитар Богов

Димитар Богов

Кандидатот за гувернер на Народна банка на Република Македонија Димитар Богов денеска во допис до медиумите посочува дека неговото неприсуство на собраниската Комисија за финансирање и буџет се должи на тоа што се придржува до постапката за избор на гувернер и Деловникот за работа на Собранието, согласно кои не е предвидена дискусија во Комисијата. Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска не ја одржа претходно најавената седница поради отуство на Богов, кој требаше да ја претстави својата програма и активности за неговиот седумгодишен мандат. Инаку, македонските медиуми јавуваат дека Димитар Богов е новиот гувернер на Народната Банка. Сите присутни 62 пратеници во Собранието од владејачкото мнозинство гласале “за” предлогот на претседателот Иванов. Гласањето го бојкотирале и ДУИ и ЛДП.
XS
SM
MD
LG