Достапни линкови

logo-print

ЕП: Покрај спорот со името, забелешки и за медиумите судството и политичкиот дијалог


Зоран Талер

Зоран Талер

Европскиот парламент има иста цел како и Македонија, а тоа е земјата да стане членка на ЕУ колку што е можно побрзо, што е поддржано од сите политички групи, истакна словенечкиот европратеник Зоран Талер во денешната дебата во Комисијата за надворешна полтика за нацрт-резолуцијата за напредокот на земјата. Тој притоа нагласи дека Европскиот парламент повторно предлага да се отворат пристапните преговори со Македонија и оти државата постигнала значаен напредок од независноста до денес. Талер изрази жалење што земјата не е почесто присутна и претставена во Парламентот. Според него, Европскиот парламент сака прецизна програма од македонската влада и собрание во однос на европската интеграција, интересирајќи се за политичкиот дијалог, независноста на медиумите и судството, како и за одбележувањето на десетгодишнината од Рамковниот договор и за тоа како Македонија ќе излезе од блокадата на стартот на преговорите за членство со ЕУ. Претседателот на мешвитиот комитет на Европскиот Парламент Европска унија - Република Македонија, германскиот европартеник Јорго Шацимаркакис, оцени дека покрај нерешениот проблем со името, постојат и внатрешни конфликти како со албанското малцинство. Тој искажа и забелешки за третманот на досегашниот претставник на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, потоа за престојните предвремени избори за кои, вели, не се знае дали ќе биде ставен крај на блокадата на внатрешниот политички дијалог, како и за слободата со печатот.
XS
SM
MD
LG