Достапни линкови

logo-print

Пакистан - Соработникот на ЦИА Рејмонд Дејвис е ослободен, јавија медиумите


Рејмонд Дејвис

Рејмонд Дејвис

Судот во Лахоре го ослободи соработникот на ЦИА Рејмонд Дејвис кој беше обвинет за двојно убиство, јавија медиумите. Министерот за правда на пакистанската провинција Пунџаби за новинската агенција „Ројтерс“ потврдил дека била постигната парична спогодба за случајот. Претходно, судот формално го обвини американскиот државјанин за двојно убиство. Дејвис на 28 јануари во Лахоре уби двајца пакистанци. Тој изјави дека постапувал во самоодбрана.
XS
SM
MD
LG