Достапни линкови

Наумовски: Македонија е подготвена да започне преговори


Васко Наумовски

Васко Наумовски

Македонија денес се наоѓа во одлучувачки момент, подготвена да зпочне преговори за членство во ЕУ рече македонскиот вицепремиер за европски прашања во рамки на своето обраќање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент на која на дневен ред е амандманска расправа по Нацрт резолуцијата за напредокот на Република Македонија подготвена од словенечкиот европратеник Зоран Талер. Поздравувајќи го, како што оцени, „одличниот“ извештај, тој ги потсети европратениците дека оваа 2010 година Македонија прославува 20 години од својата независност, дека беше единствената земја од поранешна Југославија која независноста ја стекна по мирен пат и оти таа секогаш беше на добрата страна, на страната на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG