Достапни линкови

Откако Груевски и Црвенковски не успеаjа да се договорат, во ВМРО-ДПМНЕ велат ќе продолжат да бараат начини за разговори, но институциите мора да функционираат. Во СДСМ молк.

Одложено е гласањето за претседател на ДИК, што беше закажано за денешната собраниска седница. Претседателот на ДИК се бира со двотретинско мнозинство. Поради тоа што во Собранието не беа присутни доволен број пратеници за двотретинско мнозинство, спикерот Трајко Вељаноски го одложи гласањето за претседател на ДИК за 18 март.
Опозицискиот СДСМ го предложи Борис Кондарко, но партијата, и по вчерашната средба Груевски-Црвенковски, ја бојкотира работата на Парламентот.

Пратеникот Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ вели дека по вчерашната
Што сега? Сега нас ништо не ни останува туку да продолжиме понатаму да работиме бидејќи не смееме да ја доведуваме судбината на Република Македонија и граѓаните на државата во прашање заради инаетењето кон институциите на СДСМ и ќе бараме начини и понатаму да разговараме и преговараме, но во меѓувреме институциите на системот мора да функционираат.
средба стана очигледно дека СДСМ на секој начин се обидува да најде причини да го бојкотира Собранието за да избегне разговори за можен датум за предвремени избори.

Неуспешни десет часовни разговори

„Што сега? Сега нам ништо не ни останува туку да продолжиме понатаму да работиме, бидејќи не смееме да ја доведуваме судбината на Република Македонија и граѓаните на државата во прашање, заради инаетењето на СДСМ кон институциите и ќе бараме начини и понатаму да разговараме и преговараме, но во меѓувреме институциите на системот мора да функционираат и ние како одговорна партија тоа и ќе го правиме.“

Во СДСМ не беа достапни да одговорат кои ќе бидат нивните наредни чекори.

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи вели дека е позитивен фактот што Груевски и Црвенковски се сретнале.

„Доколку двете страни продолжуваат да ’тегнат‘ бескрајно, мислам дека тоа нема да има добар ефект за демократскиот процес на избори, токму поради тоа мислам дека треба да продолжат со уште една тура на разговори и доколку во тоа сами не успеале, да го прошират кругот и со албанските
Доколку двете страни продолжуваат да ’тегнат‘ бескрајно, мислам дека тоа нема да има добар ефект за демократскиот процес на избори.
политички партии, каде што мислам дека можеби ќе се добие една подобра и поефикасна атмосфера.“

Средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски

Портпаролот на опозициската Нова демократија Аријанит Хоџа вели дека не може да се договараат само Груевски и Црвенковски. Каков би бил тој договор без учество на партиите од албанскиот политички блок, прашува Хоџа.

„Не само што тогаш не би бил договорот како што треба туку и сега нема никаков договор, мислам дека е крајно време да се најде некакво решение. Треба да се одржи лидерска средба на сите политички партии за да може да се надминат сите разлики помеѓу политичките партии.“

И по вчерашната 10-часовна средба двете најголеми партии не ги усогласија ставовите.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG