Достапни линкови

Нуклеарни лекции од Јапонија


Оштетените реактори во Фукушима

Оштетените реактори во Фукушима

Живееме во нуклеарен свет, а нуклеарните несреќи не почитуваат граници, пишува весникот Фајненшал тајмс по растечката закана од јапонската нуклеарка Фукушима. Еврокомесарот за енергија Гинтер Етингер оцени дека станува збор за апокалипса и оти Токио ја губи контролата врз ситуацијата. Европската унија веќе најави тестирање на нејзините нуклеарки.

Јапонските власти се уште се борат да ја обезбедат нуклеарката Фукушима откако силниот земјотрес и цунамито го оштетија системот за разладување во неколку реактори.

Катастрофата е можна реалност во Јапонија, а ширењето на радиоактивноста и во целиот свет.


Нуклеарните несреќи, како и терористичките напади, длабоко допираат во свеста на јавноста, пишува весникот Фајненшал Тајмс додавајќи:

„Ова можеби објаснува зошто малиот број на жртви од катастрофата во Фукушима привлече поголемо внимание од бројот на жртвите во природната катастрофа кој може да изнесува над 10 илјади.“

Во Европската унија веќе постојат оценки дека нуклеарната криза во Јапонија е надвор од контрола.

„Не го исклучувам најлошото во наредните денови“, изјави комесарот за енергија Гинтер Етингер кој најави тестирање на сите 143 нуклеарки кои се наоѓаат на територијата на Европската унија.
Постојат лекции што треба да бидат научени без двоумење. Веќе не можеме да се потпираме врз сегашните безбедносни стандарди. Тие би требало да бидат унапредени и ќе сториме се за да ја поддржиме оваа иницијатива.

Имено, ќе се прават кумпјутерски симулации за тоа колку овие нуклеарки ќе бидат способни да издржат различни природни катастрофи, вклучувајќи земјотреси и цунамија. Ваквата идеја ја поддржа и Јоханес Тисен, претседател на германскиот енергетски гигант ЕОН:

„Постојат лекции што треба да бидат научени без двоумење. Веќе не можеме да се потпираме врз сегашните безбедносни стандарди. Тие би требало да бидат унапредени и ќе сториме се за да ја поддржиме оваа иницијатива.“

Европската унија веќе најави разговори со Меѓународната агенција за атомска енергија за слични такви тестови и на глобално ниво.

По несреќата во Чернобил, пред повеќе од дваесет години, досега нуклеарната индустрија имаше високи оценки за нејзината безбедност.

Нуклерана централа во Германија

Тоа делумно се должи на подобрената технологија, но и на зголемениот мониторинг, наведува Фајненшал тајмс, потенцирајќи дека ваквиот напредок, комбиниран со растечката загриженост за климатските промени ги охрабри западните влади да размислуваат за градање на нови реактори.

Нуклеарната енергија треба да одигра голем дел во кратењето на испуштањето јаглерод во атмосферата. Но, стравувањата поврзани со безбедноста на оваа енергија, особено по сегашната криза во Јапонија би можело да го врати целиот процес, особено на Западот.

Од друга страна, заинтересираноста за нуклеарната индустрија се повеќе се шири во земјите во развој кои се во постојан недостиг на енергија. Фукушима е потсетник колку е тешко да се контролира силата која ќе биде ослободена од оштетиот реактор.

Затоа, како што наведува Фајненшал тајмс, светот мора да ги обезбеди нуклеарните постројки без оглед каде тие се наоѓаат.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG