Достапни линкови

Резолуцијата на Талер пред Комитетот на Европоскиот Парламент


Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска ќе расправа и ќе гласа за годишната резолуција за Македонија изготвена од пратеникот Зоран Талер. Тој изјави дека постои генерална загриженост дали земјата се уште е на патот на евроатлантските интеграции.
Во резолуцијата се повторува заклучокот земјата да добие датум за преговори и се честита за 10-гоишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, но и се критикува отсуството на политички дијалог, мешањето во независноста на медиумите, ситуацијата во судството. Се бара и избегнување на чекори, како на пример т.н. антиквизација, кои може да се разберат како провокација за соседите. На основниот текст на Талер доставени се дури 152 амандмани, од кои најголемиот дел, според известувачот, биле усогласени минатата седмица. Но, има и такви амандмани, пред се од грчки и бугарски европратеници, во кои освен што се бара Скопје да ги напушти тврдите позиции за името и да го реши спорот и се инсистира на преименување на ,,македонскиот,, во официјален јазик на земјата. На сесијата ке учествува и вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски.
XS
SM
MD
LG