Достапни линкови

logo-print

Автономија за Северно Косово - Белград да ја признае Приштина


Собрание на Косово

Собрание на Косово

Предлогот на Меѓународната кризна група властите во Приштина да му дадат широка автономија на северниот дел на Косово, а во замена Србија да го признае Косово е неприфатлив за косовските институции, изјави претседателот на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи.
Тој изјави дека со предлогот на Марти Ахтисари веќе е направен најголемиот компромис, дури и на штета на Косово.
- Се надвор од тој пакет ќе биде апсолутно неприфатливо и спротивно на волјата на граѓаните, реече Красниќи, по седницата на Парламентот.
Меѓународната кризна група во најновиот извештај ги повика Белград и Приштина да донесат одлука, согласно која северниот дел на Косово, кој е населен главно со косовски Срби фактички да добие „двоен суверенитет“.
XS
SM
MD
LG