Достапни линкови

logo-print

Романија - гласање за недоверба на владата на Бок


Парламентот во Букурешт

Парламентот во Букурешт

Романските пратеници денеска ќе гласаат за недоверба на Владата на премиерот Емил Бок. Опозицијата ја обвинува Владата дека води погрешна економска политика, поради која работниците и службениците се во тешка материјална позиција.
Водечките опозициски партии предлогот до парламентот го поднесоа под името „Законот на Бок: мали плати, висока невработеност, банкрот на компаниите“.
Причина за овој потег е реформата на Законот за работни односи, поддржана од Меѓународниот монетарен фонд , а која, според опозицијата, ќе доведе до зголемување на невработеноста, бидејќи работодавците ќе можат полесно да ги отпуштаат неквалификуваните работници.
XS
SM
MD
LG