Достапни линкови

logo-print

Генерал Стојановски - почесен член на Националната Гарда на Вермонт


Генерал Мирослав Стојановски

Генерал Мирослав Стојановски

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски денеска во Домот на АРМ во Скопје ќе биде прогласен за почесен член на Националната гарда на американската сојузна држава на Вермонт.
Признанието на генерал-потполковник Стојановски ќе му биде доделено од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Мајкл Дуби, кој се наоѓа во официјална посета на АРМ.
Ова високо признание НГ на Вермонт го доделува по трет пат во нејзината историја, но прв пат тоа ќе му припадне на странски државјанин. Добитници на вакви признанија досега биле поранешен гувернер на Вермонт и генерал од Армијата на САД.
XS
SM
MD
LG