Достапни линкови

Фукушима - борбата против нуклеарната криза продолжува


Радијацијата од нуклеарката во Фукушима, оштетена од земјотресот и цунамито, која изутрината се зголеми, сега повторно се намалила, а работниците привремено биле повлечени, јавија јапонските медиуми.
Се работело врз изградба на пат за да можат пожарникарските возила да пристапат до реакторот број 4 и да го изгаснат вториот пожар кој таму се појавил.
Истовремено се најавува дека со хеликоптери ке се фрла вода врз третиот реактор во Фукушима. Јапонските власти најавија дека можеби ќе побараат американска воена помош за да се справат со кризата. Според властите во земјотресот и цунамито загинале околу 3600 лица, но се очекува таа бројка да биде многу поголема.
XS
SM
MD
LG