Достапни линкови

Обама: нуклеарните централи во САД под силен надзор


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека нуклеарните постројки во САД се под силен надзор, додавајќи оти тие се направени за да издржат земјотрес од одреден интензитет. Во интервју за една телевизиска станица од Питсбург, Обама истакна дека нуклеарната енергија е важен енергетски извор за земјата, иако се поставуваат нови прашања за нејзината безбедност по катастрофата во јапонската нуклеарка Фукушима. Тој изрази увереност дека Хаваи и западниот американски брег нема да бидат загрозени поради радијацијата од Фукушима.
XS
SM
MD
LG