Достапни линкови

logo-print

Русија ќе гради нуклеарна централа во Белорусија


Владимир Путин и Александар Лукашенко

Владимир Путин и Александар Лукашенко

Рускиот премиер Владимир Путин вчера престојуваше во Минск, каде што присуствуваше на потпишувањето договор за изградба на нуклеарна централа во Белорусија која би била оперативна во 2018 година. Русија ќе ја гради централата со два блока, а 9 милијарди и 400 милиони долари колку што ќе чини таа, ќе се сметаат како заем за Белорусија. Локацијата на која ќе биде изградена постројката се наоѓа на границата со Летонија, што предизвика загриженост во таа балтичка земја. На средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко, Путин нагласи дека централата ќе биде многу побезбедна од онаа во Јапонија која е оштетена од земјотресот во петокот.
XS
SM
MD
LG