Достапни линкови

logo-print

Клинтон ја завршува посетата на Египет


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Американската државна секретарка Хилари Клинтон им порача на Египќаните дека им припаѓа овој момент од историјата и оти треба да го искористат за да градат врз успехот на револуцијата во која од земјата ги протераа долгогодишните автократски водачи и ги прифатија демократските реформи. По средбата во Каиро со шефот на египетската дипломатија Набил ал Араби, Клинтон истакна дека Америка ќе му помогне на Египет на тешкиот пат до избори и поголеми слободи. Таа денеска треба да се сретне со египетскиот премиер Есам Шараф и со првиот човек на оружените сили Хусеин Тантави, а подоцна ќе отпатува за Тунис.
XS
SM
MD
LG