Достапни линкови

logo-print

Времето- претпладне сончево, попладне наоблачување и дожд


Времето ќе биде облачно. Во утринските часови ќе има повеќе сончеви периоди, а во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд, особено во западните делови на земјава каде што кон крајот на денот врнежите ќе бидат поинтензивни и наместа проследени со ретка појава на грмежи. Преку денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а во вечерните часови ветерот ќе се засилува. Утринската температура се движи од нула до седум, а дневната ќе биде од 11 до 18 степени.
Во Скопје и околината претпладне ќе има повеќе сонце, а преку денот облачноста ќе се зголемува. Во попладневните часови во Скопје се очекуваат врнежи од дожд, а во ноќните часови ќе има услови за ретка појава на грмежи. Преку денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот ветерот ќе се засилува. Утринската температура се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
XS
SM
MD
LG