Достапни линкови

Оштетен реакторот во Јапонија, ЕУ ќе ги проверува своите централи


Шефот на Агенцијата за атомска енергија при Обединетите нации Јукија Амано денеска изјави дека јадрото во вториот реактор на централата во Фукушима можеби е оштетено. Штетата се проценува на помалку од пет проценти, рече првиот човек на Агенцијата. Тој смета дека ситуацијата во Јапонија е загрижувачка, но се уште не гледа ризик од повоторување на нуклеарната катастрофа Чернобил од 1986 година. Во меѓувреме, Европската унија одлучи да спроведе стрес тестови на сите нуклеарни централи во земјата. Европската комисија ја најави проверката на нуклеарките по итниот состанок на тема национална нуклеарна безбедност. Претходно, Германија најави исклучување од употреба на најстарите реактори во земјата, по настаните во Јапонија. Со одлуката се гаснат седум реактори кои беа пуштени во употреба во 80-тите години на минатиот век. Реакторите најмалку три месеци нема да произведуваат електрична енергија.
XS
SM
MD
LG