Достапни линкови

ОБСЕ ги повика властите во Азербејџан да ги почитуваат човековите слободи


Европската организација ОБСЕ испрати апел до Азербејџан за почитување на правото за здружување, откако минатата недела тамошните власти растурија мирни протести и уапсија повеќемина учесници. Претседателот на организацијата Аудрониус Азубалис потсети дека лидерите на Азербејџан неделава во Баку ја потврдиле детеминираноста за подршка на демократијата. Најмалку 30 учесници од минатонеделните протести биле изнесени пред суд и се соочуваат со затворски казни поради нарушување на јавниот ред и мир.
XS
SM
MD
LG