Достапни линкови

Ќе ја сочува ли Битола староградската песна?


Битола

Битола

Дали Битола ќе успее да ја сочува староградската музика, како еден од белезите на градската традиција?

Веќе половина деценија не се одржува фестивалот за серенада, а и последните изданија беа со ревијана содржина. Освен повремени проекти на некои ентузијасти, сепак потпомогнати од општината, веќе не постои традиционална манифестација каде се афирмира оваа музика.

Петар Ѓоргиев-Калица, еден од најпознатите македонски композитори на строградски песни вели:

„Повеќе години наназад состојбите се да не речам катастрофални на полето на староградската песна иако овој жанр на музика го претставува ликот на Битола. Мислам дека фестивалот најпрво падна од организациски аспект, односно неколку години нема фестивал на
И забавна и популарна и странска, па можеби во тој мозаик староградската песна останува незабележителна. Треба да има еден-два ресторанти и места каде ќе се негува само тој тип на музика, сметам дека има и публика која би го конзумирала тоа.
староградски пезни. Помали се ангажманите од проста причина што нема простор каде да се пластира таа музика. Има неколку фестивали низ државата, меѓутоа секој протежира музика која е карактеристична за тоа подрачје, така што со староградската песна на тие простори малку потешко оди, од проста причина што немаат таква традиција.“

Составен дел од староградската песна во Битола е и серенадата. Таа во 19 век се пеела под моминско пенџере во вечерните саати. Денес во градот на сренадите дури низ градските меани ретко каде може да се чуе оваа автентична музика. Валентин Соклевски, еден од најпознатите текстописци на строградски песни вели оркестрите негуваат и забавна и популарна и странска музика.

Битола

„Па можеби во тој мозаик староградската песна останува незабележителна. Треба да има еден-два ресторанти и места каде ќе се негува само тој тип на музика, сметам дека има и публика која би го конзумирала тоа.“
Еднаш годишно во Битола бидејќи е град со богата строградска традиција би требало да има манифестации од таков тип.

Соклевски додава:

„Еднаш годишно во Битола, бидејќи е град со богата строградска традиција би требало да има манифестации од таков тип. Постои една група на ветерани, се берат еднаш неделно во чаршијата и свират серенади од 40-тите и 50-тите години. Ако тие не се аргументираат, ако не се стават на носач на звук, ако не се мелографираат, постои опасност или некој да ги промени или да исчензнат комплетно.“

За богатата строградска традиција доказ кријат дури и гробиштата во Битола. Онаму каде најмалку се очекува се чува споменот за оваа песна. „Те видов тебе и се заљубив“ пишува на гробот на некогаш најпознатиот автор на староградски мелодии, Кочо Стојановски- Кочани, за кого се верува дека е творец на оваа бесмртна песна.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG