Достапни линкови

Министерот Коњановски се сретна со колегите од Хрватска и Црна Гора


Соработката на полето на безбедноста била главна тема на денешните билатерални средби на министерот за одбрана Зоран Коњановски со неговите колеги од Хрватска и од Црна Гора Давор Божиниќ и Боро Вучиниќ. Коњановски со хрватскиот министер за одбрана Божиниќ, разговарал за заедничкото учество на земјите од регионот од А5 групата во градењето на капацитетите на безбедносните сили во Авганистан. Со црногорскиот министер Вучиниќ, пак, Коњановски разговарал за продолжување билатералната соработка во полето на одбраната.
XS
SM
MD
LG