Достапни линкови

logo-print

На денешната средба Груевски и Црвенковски секој со свои услови. Ќе се најде ли решение?

На средбата на лидерите на двете најголеми политички партии Груевски и Црвенковски, СДСМ испорачаа свои барања, а и Груевски настапи со агенда според која, ако се случи договор предлагаат распуштање на парламентот на 31 овој месец.
Според оваа агенда, утре треба да се усвојат измените на изборниот закон и да се формира собранниска комисија за утврдување на состојбите со избирачкиот список. Дел од барањата, пак, на СДСМ се однесуваат на тоа во избирачкиот список да се вметнат препораките на ОБСЕ и ОДИХР зошто според нив владиниот предлог не соодветствува со овие забелешки. За време на претпладневните, едно и полчасовни разговори беше отворено само прашањето за изборниот законик, а во меѓувреме беше повикан и министерот за правда Михајло Маневски. СДСМ остана на истите барања, а предусловот за деблокирање на сметките на медиумите од „Перо Наков“ бб сега станува услов.

Во ВМРО-ДПМНЕ повторија дека единствено за А1 не може да разговараат, односно дека тоа е во надлежност на судската власт, а Црвенковски не се откажува од овој услов.



На разговорите, теми се и гласањето на дијаспората и квотите на етничките заедници. Незаобиколна тема е и составот на избирачките одбори за кои СДСМ бара враќање на присуство на политичките партии. СДСМ бара посебни комисии за утврдување на состојбите за избирачкиот список и проверката да трае повеќе од 10 дена, а ВМРО-ДПМНЕ сака тоа да го направи собраниска комисија.

Ако има договор, утре на собраниска седница треба да се избере и претседател на ДИК. Ако СДСМ не се врати во Собранието, не се исклучува можноста мнозинството само да го избере претседателот на ДИК.
Попладневата средба беше прекината заради дополнителни консултации кои ги побара Груевски.
На прашање дали без нивниот коалициски партнер ДУИ се договараат отворените парашања, во ВМРО-ДПМНЕ велат дека се во комуникација со својот колициски партнер. Опозицијата предлага по оваа средба да се одржи и лидерска средба.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG