Достапни линкови

logo-print

Официјална потврда за бројот на настрадани во Јапонија


Бројот на жртвите од разорниот земјотрес и цунамито кои во петокот ја погодија Јапонија ја надмина бројката од 10.000,јавија медиумите повикувајки се на јапонската Национална полициска агенција. Во билансот не се вклучени повредените и исчезнатите лица. Во меѓувреме, Светската метеролошка организација соопшти дека ветровите пренесуваат радиоактивни честички од нуклеарната централа во Фулушима преку Пацификот до други азиски земји. Зрачењето од реакторот драстично се зголеми денеска по нов пожар во објектот, кој сега, како што соопштуваат јапонските власти, е изгаснат а радијацијата е намалена. Надлежните им наредија на жителите во 30 километарски радиус да не излегуваат од домовите, додека во Токијо, на 250 километри од нуклеарната централа, нивоата на зрачење се благо зголемени. Инаку, Институтот за јавно здравје на Република Македонија соопшти дека врши редовни контроли и констатира дека не е забележано зголемување на нивото на радиоактивност во животната средина на територијата на земјата.
XS
SM
MD
LG